Педесет и деветгодишен кумановец бил приведен вчера откако со остар предмет нападнал свој сограѓанин.
Loading...
– На 01.09.2024 во 19.45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Г.Т.(59) од село Горно Којнаре, кумановско, затоа што, поради нерасчистени должничко – доверителски односи, со остар предмет го нападнал Г.Д. од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски