Со претставата „Три и пол сестри“ на Театар „Јоза Ивакиќ“ од Винковци, Хрватска вечерва продолжува репертоарот на фестивалот „Денови на комедија“.
Loading...
Станува збор за претстава во режија на Преѓа Гвоздиќ, а во која играат четири дами: Петра Цицвариќ, Матеа Марушиќ, Мартина Стјепановиќ и Лаворка Трдин.
Ова е четврта претстава од годинешното 26то издание на фестивалот кој ќе трае до 15ти месецов.
Утре на програмата е Театар Комедија од Скопје со претставата „Илуминати“.
Никола Ивановски