Со мега концерт на екс – ЈУ пејачот Борис Новковиќ, вечерва во Куманово ќе започне прославата по повод 11 Ноември – Ден на ослободување на градот.
Loading...
Прославата на празникот 11 Ноември започна со низа културни манифестации, изложби и концерти, а ќе заврши со положување свежо цвеќе на Спомен Костурница и одржување на свечена седница и доделување на Ноемвриските награди во текот на утрешниот ден.
Забавата за кумановчани ќе започне во 20:30 часот, со настап на Нино Величковски и кумановските тамбураши, а ќе продолжи со концертот на Борис Новковиќ и голем огномет.