Во преполната сала на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, вчеравечер се одржа вториот годишен концерт на КУД „Српски вез“ по повод две години од нивното постоење.
Во присуство на видни луѓе од општествената и културната сфера, како и сите љубители на народната традиција свој настап најпривн имаа најмалите играорци со кореографија ”Левач”.
Следни беа средната група со кореографија “Игри од Пчињски регион” и првиот ансабмл со два сплета, и тоа ”Кумановско Поле” и “Шумадија”.
Како што беше истакнато на отварањето, оваа манифестација како и сите што понатаму ќе се организираат Српската заедница ќе ги посвети на Горан Стојковиќ.
Свои настапи имаа и огранокот од Старо Нагоричане со игри од Србија, кои ги промовираа и новите носии изработени за културно-уметничкото друштво.