Три лица загинаа во северниот дел на италијанскиот регион Пиемонт, откако околу пладне лавина ја погоди источната страна на планината Пунта Валгранде, на границата меѓу Италија и Швајцарија.
Две лица преживеале, а лавината ги влечела скијачите кои загинале по удолницата неколку стотици метри, нанесувајќи им фатални повреди.
Официјално предупредување е издадено во регионите лоцирани на надморска височина над 2100 метри поради зголемен ризик од лавини.
In Piemonte una valanga travolge un gruppo di scialpinisti italiani. I corpi delle tre vittime trascinati nella neve per centinaia di metri. La valanga si è staccata da Punta Valgrande, a Trasquera, a 2800 metri pic.twitter.com/d7iE1qnoYl
— Tg3 (@Tg3web) January 12, 2025