СМРТ ВО СОЛАРИУМ: Жена починала по ДВА ЧАСА сончање во салон во Австрија

Сподели со своите пријатели

Корисничка на солариум во Австрија доживеала шок кога во една комора пронашла труп на колешка-клиент, која „се сончала“ два часа.

Корисничката на солариум залудно се обидувала да ја оживее 50-годишната жена во салон во градот Дојч Калтенбрун во Австрија, објавија британските таблоиди.

 

 

Починатата жена влегла во салонот во 14 часот и 30 минути, а нејзиното тело го открила друга жена во 16 часот и 45 минути. Жената се посомневала дека нешто не е во ред кога забележала дека е зафатена првата кабина и дека ништо не може да се чуе од неа.

Откако неколку пати ја повикала жената, таа ја отворила вратата и го пронашла телото.

Брзата помош можела само да констатира смрт. Обдукцијата утврдила дека нема траги на насилство или повреди, додека токсиколошки извештај се уште се чека.

Салонот изјави дека нивната опрема е во совршена состојба и дека не се регистрирани дефекти, и тие му дале „најдлабоко сочувство“ на семејството на жртвата.

 

Leave a Reply