Случај “Пуч “: Заев се појави во судница – Јанева ја одложи главната расправа

Сподели со своите пријатели

Специјалното обвинителство денес побара одлагање на главната расправа по предметот познат во јавноста како „Пуч“, се наведува во писменото соопштение објавено на профилот на обвинителството на социјалната мрежа Фејсбук, откако Специјалното обвинителство го презема случајот во кој е обвинет и лидерот на СДСМ Зоран Заев.

 Заев како еден од обвинетите денес се појави на судското рочиште, но, случајот се одложи по барање на Катица Јанева, специјалната обвинителка која го води случајот Пуч.

Како причина за одлагањето како што наведува Катица Јанева е потребното време, обвинителството  целосно да биде запознаено со содржината на доказите кои се доставени до Судот, а кои не се содржани во обвинителскиот предмет што ни беше доставен.

Сакам да Ве известам и дека ова Јавно обвинителство ги подржува сите законски измени со кои се унапредува статусот на јавните обвинители во Република Македонија и нивната независност, бидејќи вакво нешто е во интерес на сите граѓани на Република Македонија. Сепак, би сакала да укажам дека со одредбата во предложениот Закон за плати на јавните обвинители, која го овластува Јавниот обвинител на Република Македонија, по претходна согласност од Министерот за финансии, да одлучува за додатоците на јавните обвинители во ова Јавно обвинителство, се кршат воспоставените принципи на автономност и финансиска независност на ова Јавно обвинителство. Законот за јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите јасно ги предвидува додатоците за јавните обвинители во ова Јавно обвинителство, а нивната реализација никако не може да биде врзана со согласност од Министерот за финансии, од причина што Министерството за финансии е должно финансискиот план за работа на ова Јавно обвинителство да го вгради во буџетот и не може никако да го менува. Воедно, принципот на автономност подразбира мое автономно постапување како Специјален јавен обвинител и исклучено е секакво влијание во работата од страна на Јавниот обвинител на Република Македонија. Оттука очекувам во предложениот Закон за плати на јавните обвинители да биде изоставено ова Јавно обвинителство.

Специјалното обвинителство воедно информира дека во текот на оваа недела ќе бидат соопштени нови информации за работата на ова Јавно обвинителство, кои периодов предизвикаа интерес во јавноста, а за обвинителството не било во можност да ги сподели, поради, како што стои наведено, одредени медиуми се обиделе да го прикажат ова Јавно обвинителство во едно поинакво светло од она за што ова Јавно обвинителство се залага.

фото: Алсат М

Loading...