Холивудските легенди Мартин Скорсезе, Роберт Де Ниро и Леонардо Ди Каприо во вторникот навечер беа гости на отварање на новата коцкарница во Макао, каде беше претставен нивниот петнаесетминутен краток филм ”Аудиција” за кој медиумите велат дека тоа е најскапата реклама во историјата.
Во филмот режиран од Скорсезе, двајцата славни актери Де Ниро и Ди Каприо се натпреваруваат за иста улога, а во филмот накратко се појавува и Бред Пит. Иако не е потврдено, медиумите најавуваат дека продукцијата за овој филм чини 70 милиони долари, а зад целиот проект стои австралискиот мултимилијардер Џејмс Пакер кој сакал актерите да направат најдобра можна промоција за неговата нова коцкарница во Макао.
Пакер заедно со своите холивудски ѕвезди се појавил на црвениот тепих при отварањето на коцкарницата чија изградба чинела 3.2 милијарди долари.
На отворањето на коцкарницта пееше и Мараја Кери, партнерка на Пакер.
Еве го трејлерот за новата реклама.