Скоро и никој да не знае дека оваа убава жена ја измислила Wi-Fi конекцијата (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Убавата актерка Хеди Ламар била се освен обична жена. Таа е родена во Виена, Австрија, на 9 декември 1913 година, како Хедвиг Ева Марија.

Loading...

 

 

Кога имала 20 години, се омажила за богато момче од Виена. Нивната љубов не била идилична, тој бил посесивен, толку многу што ѝ забранувал да глуми во филмови. Таа решила да стави крај на тој брак и да продолжи со животот.

Животот имал поинакви планови за неа, патот ја однел во САД, каде била прогласена за најубава жена на светот.

Многу од нејзините бракови завршиле неславно, а се вели дека имала шест сопрузи и три деца. Снимила преку 30 филмови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неуралинк во Канада доби дозвола да имплантира мозочни чип кај пациенти

Но, она што навистина ја издвојува од другите жени е тоа што ниту едно домаќинство не би функционирало како денес, да не била таа и нејзиниот патент.

Loading...

За време на Втората светска војна, американската војска имала многу проблеми со далечинско водење на торпеда, бидејќи Јапонците успеале да ја пронајдат фреквенцијата со која управувале со торпедата.

Конечно успеала да го направи тоа во 1942 година под името „Secret Communication System“, кој ги поставил технолошките основи за сè – од безжична врска до GPS.

Меѓутоа, кога и понудила помош на американската војска, тие не ја сфатиле доволно сериозно и веднаш го одбиле нејзиниот предлог.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Не прислушкуваат ли телефоните? Направете го овој тест и ќе го добиете одговорот!

Нејзиниот патент бил заборавен додека не започнало дизајнирањето на мрежата за дигитална мобилна телефонија, а денес се применува на мобилните телефони и на сите безжични уреди.