Скопјани ќе се ”ладат” со фонтана од 2,5 милиони евра (видео)

Сподели со своите пријатели

Главниот град на Македонија, Скопје, доби нова фонтана за чија реализација на овој дел од проектот беа потрошени околу 2,5 милиони евра, од кои една третина од Град Скопје, а останатокот од Владата.

Loading...

Плоштадот во Скопје доби нов изглед и фонтана со правоаголна форма со димензии 20 на 10 метри. Се наоѓа меѓу фонтаната „Воин на коњ“ и Камениот мост.

Според информациите од градот, површината на фонтаната е изработена од гранитен камен и има лед светилки.

Фото: МИА