Ситуацијата полека се смирува но со спорадични истрели

Сподели со своите пријатели

Иако порталите јавуваат дека ситуацијата во Куманово е под целосна контрола, во моментот на објавувањето на веста, во Куманово се слушаат истрели од огнено оружје кои доаѓаат од правецот на населбата Тоде Мендол.

Loading...

Градот е речиси пуст, затворени се сите приоди кон населбата, а полицски специјалци се видени како трчаат низ автопатот во потера на вооружените групи.

Засега нема информации што всушност се случува на терен, дали и колку припадници на наоружаните структури се предале на полицијата и колку вкупно жртви има од нивна страна.

Неофицијално, загинати се тројца припадници на специјалните полициски сили. Двајца се од селото Брвеница, еден од Зубовце.

 

Leave a Reply