Се вели дека успехот треба да се изгради од неуспехот и да знаете да учите од своите грешки. Но, многу луѓе сепак се плашат од неуспех, па и децата ги воспитуваат водејќи се од своето мислење.
Во овие ситуации родителот треба да дозволи на детето да погреши затоа што само така ќе научи да се снаоѓа во животот на вистински начин.
Спортски и други натпреварувања
Ако вашите деца учествуваат во настани од натпреварувачки карактер, треба да се однесувате како да сте им баба и дедо, а не родители, сметаат експертите. Што тоа значи во пракса? Имено, бабата и дедото обично само сакаат да го видат внукот како настапува.
Од друга страна, родителите се вклучени и во успехот на детето во натпреварувањето. Ако родителите имаат преголеми очекувања, тоа ќе создаде преголем притисок врз малите, а ќе изостане забавата и искуството за учење.
Домашни обврски
Некогаш е потребно детето да учи од сопственото искуство и грешки. На пример, ако не ги собрале валканите алишта пред да заминат на училиште во него, веројатно следниот пат ќе постапат правило.
Лоши пријатели
Скоро секое дете има другар за кој неговите родители знаат дека не влијае добро на него, но сепак не би требало премногу да се мешаат во неговиот избор.
Особено тоа се однесува на адолесцентите. Децата во средно учулиште, „испробуваат“ пријатели како што испробуваат и разни личности во потрага по сопствениот идентитет.
Така учат не само за пријателството, туку и за различните профили на луѓе.
Домашна задача
Секој родител треба јасно да стави до знаење на своето дете што се очекува од него на училиште и да го потикнува да ги исполнува своите обврски.
Но, детето треба да дозволи да има барем делумна контрола над своите училишни обврски и да не му здодевате постојано со очекувањата.