Сите риби на едно место: Путин го отвори „Москвариум“

Сподели со своите пријатели

Во Москва, во присуство на рускиот претседател Владимир Путин, отворен е „Москвариум“, најголемиот океанографски центар во Европа.

Loading...

„Москвариумот“ се простира на 53.000 метри квадратни и под својот кров има 53 милиони литри вода во која живеат 7.000 морски, речни и езерски организми.

Претседателот Путин обиколил 80 аквариуми во кои е представена морската и слатководната фауна – од Галапагос, исладски фјордови и карипски корални гребени, до Бајкалот.

Во 80 аквариуми представени се повеќе од 350 видови риби од сите краеви на светот, пренесува „Спутник“.

Океанографскиот центар, кој ќе ги прими посетителите во текот на целата година има три зони.