Сите досега сфатија дека принцезите на Дизни изгледаат нерално, со тенки половини, огромни очи и коса која секогаш изгледа совршено. Меѓутоа, можеби најчудната карактеристика која ги дели од луѓето, покрај тоа што се анимирани ликови, е што немаат нокти на рацете.
Иако ова звучи како да се во прашање ликови од хорор филмови, а не јунаци со кои поголемиот дел од нас имаат пораснато, принцезите на Дизни како што се Пепелашка, Ариел и Снежана не мора да се грижат за своите нокти затоа што воопшто ги немаат.
Не е јасно зошто аниматорите на оваа компанија се одлучиле на таков чекор.
Некои од можните причини се времето и трошоците за нокти на секоја сцена.
Дизни во една прилика открива дека тоа е причината поради која Мики Маус има само четири прсти.
Во одредени анимирани филмови јунаците имаат помалку прсти за да се поедностави комплицираната анимација на рацете.