Сите барикади на северот на Косово се отстранети

Сподели со своите пријатели

Сите барикади на северот на Косово се отстранети, јавува репортерката на Танјуг.

Loading...

Барикади беа поставени во рудникот кај Звечан, Ибарска Слатина, Лешка, недалеку од Лепосавиќ, во северниот дел на Косовска Митровица и во Зубин Поток.

По поставувањето барикади, косовската полиција ги затвори административните премини Јариње и Брњак.

Приштинските медиуми претходно објавија дека Јариње и Брањак се уште се затворени за сообраќај, иако барикадите се отстранети.

Косовската полиција не одговори за Коха кога ќе бидат отворени тие административни премини.

Србите на северот на Косово 19 дена беа на барикадите по нелегалното апсење на нивните сонародници и влегувањето на специјалните единици на косовската полиција на северот на Косово и Метохија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мицотакис го номинира Константинос Тасулас од Нова демократија за претседател на Грција