Сирски: Напредувањето на нашите војници кон Бахмут, прв успех на офанзивните операции

Сподели со своите пријатели

Командантот на копнените сили на вооружените сили на Украина, генералот Олександр Сирски изјави дека напредувањето на украинските сили во правец на Бахмут е првиот успех на офанзивните операции за време на операцијата за одбрана на Бахмут.

Loading...

Сирки истакна дека тоа е само делумен успех и дека операцијата за одбрана на Бахмут продолжува, објави Министерството за одбрана на Украина на својот профил на Телеграм.

Според Сирски, донесени се сите одлуки неопходни за одбрана и се разработени сите можни сценарија со командантите на борбената линија, пренесува Интерфакс Украина, пренесува Танјуг.

„Последните неколку дена покажаа дека можеме да одиме напред и да го уништиме непријателот и во такви исклучително тешки услови. Се бориме со помалку ресурси од непријателот. Во исто време успеваме да му ги расипеме плановите“, изјави Сирски.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.