Сириските власти денеска соопштија дека израелското бомбардирање претставува „флагрантно кршење на суверенитетот на Сирија“.
Loading...
Израелската војска тврди дека „терористите отвориле оган врз позициите на нејзините војници од соседна јужна Сирија“.
Како одговор, „војниците одговорија, а воздушните сили ги погодија терористите“, соопшти израелската војска.
Сириското Министерство за надворешни работи соопшти дека „ја осудува континуираната израелска агресија на сириска територија“, особено „опасната ескалација“ во која наводно загинале „шест цивили во провинцијата Дара“.
Министерството за надворешни работи го осуди „флагрантното кршење на националниот суверенитет“.