Едно лице од Сирија во текот на вчерашниот ден завршило на Одделението за хирургија при Општата болница во Куманово, стои во извештајот на Регионалниот центар за управување со кризи.
Откако на лицето му биле извршени сите потребни здравствени прегледи и испитување, му била аплицирана потребната лекарска терапија и препорака за понатамошно лекување, по што истото повторно било вратено во Транзитниот центар Табановце.