Сириец: „Ми ја отсекоа раката и ногата затоа што не сакав да бидам дел од ИСИС“ (видео)

Сподели со своите пријатели

Припадниците на Исламската држава брутално казниле едено четиринаесетгодишно момче од Сирија, затоа што одбило да им се приклучи. На момчето му ја отсекле десната рака и левото стапало. Овој стравичен чин го извршил милитант под прекарот Булдозер.

Loading...

560ff195-993c-4767-9266-5efa0a0a0a64-buldozer
Милитантот „Булдозер“

Тинејџерот познат како Омар, паднал во рацете на припадниците на ИСИЛ, кои го мачеле месец и половина за да го натераат да им се придружи. Меѓутоа, откако увиделе дека тоа нема да се случи, му припремиле нешто застрашувачко.

Омар во интервју за Канал 4, опишува како терористите го заврзале на сред улица, пред многу собрани мажи, жени, деца и други милитанти, па со месарски неж му ја исекле десната рака и левото стопало.

560ff19c-42f4-47f3-9f83-5f450a0a0a64-odsjecena-ruka-718x446

Ме натераа да ја ставам раката на дрво и ми ја одсекоа со месарски нож. Потоа ми го исекоа стопалото, а потоа двата исечени дела ги ставија пред мене за да ги гледам – вели Омар, кој тогаш тешко искрварил и имал неподносливи болки. Меѓутоа, се успеал да преживее.

 

Малолетници во редовите на ИСИС
Малолетници во редовите на ИСИС

 

Според неговите зборови, Булдозер и неговите колеги од ИСИС сакале на тој начин да му покажат на светот дека на ИСИС никој не смее да се спротивставува.

560ff199-cd28-4f6b-815c-5f450a0a0a64-maloljetnici-u-isil-u
Насилно регрутираат голем број на деца

Ги доведоа тинејџерите и децата да гледаат како ми ги сечат екстремитетите. Им рекоа: „Ова е неверник па ќе му ја исечеме раката и ногата“ – се присетува Омар, кој сега живее со своето семејство во Турција.

 

Loading...
Малолетни девојчиња дел од ИСИС
Малолетни девојчиња дел од ИСИС

 

Меѓутоа, Омар не е единствениот тинејџер на кој силите на ИСИС наредиле да им се приклучат. Оваа терористичка организација врши масовна регрутација во своите редови, а за жал меѓу нив се повеќе има деца, дури и малолетници кои не наполниле осум години.