Синот на Трамп го посети Гренланд: Дали планот за анексија добива поддршка?

Сподели со своите пријатели

Синот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, Доналд Трамп Јуниор, ја заврши својата еднодневна посета на Гренланд, што дополнително ги подгреа тензиите околу плановите на Трамп да ја припои оваа територија кон САД.

Loading...

Трамп Џуниор пристигна во Гренланд со приватниот авион на семејството Трамп, а за време на посетата сподели видеа со пофалби за природните убавини на овој регион.

За време на престојот, тој беше на ручек во Нук, главниот град на Гренланд, каде што се сретна со членовите на локалната заедница.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО: Респираторниот вирус во Кина не е закана, тој е вообичаен

– Гренланд ги сака Америка и Трамп! Неверојатни луѓе со подеднакво одличен прием. Сакаат да ги искористат своите ресурси за да обезбедат подобра иднина за себе и за своите деца – изјави Трамп помладиот.

Неговата посета привлече внимание и коментари.

Loading...

Мултимилијардерот Илон Маск, инаку сојузник на Трамп, рече:

– Доколку жителите на Гренланд сакаат да станат дел од Америка, би биле топло добредојдени.

Трамп Џуниор го изрази своето задоволство на крајот од посетата, нарекувајќи го денот одличен, што дополнително ги поттикна дискусиите за контроверзната идеја за приклучување на Гренланд кон САД.