Кралството Шведска е држава која е богата, пред се со шуми, руди, но и развиена индустрија со компании како Ериксон, Волво и Сааб. Најразвиена држава што се однесува до информатичката технологија, а доста пари им донесуваат и музичарите.
Главниот град е Стокхолм, кој брои скоро милион животели кој го нарекуваа „Северна Венеција“. Оваа кралство е едно од најстарите на светот, на чело со кралот Карл XVI Густаф. Тој е роден на 30-ти април 1946 година, како син на тогашниот престолонаследник, принцот Густаф Адолф и принцезата Сибилија. Има четири постари сестри, монарх е, како претседател на државата, обединувачки претставник и симбол на земјата. Кралот има претежно церемонилајни и формални должности.
Неговиот татко никогаш не успеал да седне на престолот на Шведска со оглед на тоа дека трагично го загубил животот во авионска несреќа во Копенхаген кога Карл Густаф имал само една година. Поради тоа со неговото образование се започнало многу рано, уште кога имал само четири години.
Кога починал Густаф IV Адолф, дедото на Карл, кој бил крал на Шведска, тој веќе ја запознал својата идна сопруга и новата кралица на Шведска и тоа на Олимпијадата во 1972 година кога му била претставена преведувачката Силвија Сомерлат, кој таму работела. Тогаш едноставно си намигнале, признал кралот во едно од интервјуата.
Пред да се омажи за шведскиот крал, Силвија работела во аргентинскиот конзулат во Минхен, а некое време работела и како стјуардеса. Се школувала како преведувач кој зборува шест јазици: шведски, германски, португалски, француски, шпански и англиски. Го познава и шведскиот знаковен јазик, а активна е во хуманитарната дејност, насочувајќи ги своите напори кон децата со пречки во развојот.
Тие двајцата имаат три деца. Принцезата Викторија која е родена во 1977 година. Таа е јастарата и наследничката на круната. Инаку веќе сега го заменува својот татко во одредени работи. Откако се смени уставот во 1980 година, шведскиот трон го наследува најстарото кралско дете, во овој случај принцезата Викторија Ингрид Алис Десире, војвотката од Вестегротланд. Принцот Карл Филип е роден во 1979 година, а најмлад член на семејството е принцезата Мадлена, родена во 1982 година.
Викторија во 2010 се омажила за личнот тренер Даниел Вестлигн. Тие имаат тригодишна ќерка, принцеза Естела, следната наследничка на шведскиот престол, а пред неколку дена објавиле дека чекаат второ дете.
Шведскиот принц Карл Филип, единствениот син на кралот Карл и кралицата Силвија, се оженил во јуни со поранешна старлета во ријалити шоу програми Софија Хелквист.
Принцот и поранешната ријалити ѕвезда, манекенка и инструкторка на јога Софија склопиле брат во капелата на Кралската плата, во присуство на пет европски кралици, јапански принцези и десетици гости со „сина крв“. Хелквист со венчавката ја довила титулата војвотка од Вармланд. Таа по потекло е од граѓанско семејство и зад себе има бурно минато.
На 20 години позирала за машкиот магазин „Слиц“, а во 2005 учествувала во ријалити шуто „Рајски хотел“ во кое слабо облечени натпреварувачи меѓусобно се натпреварувале кој ќе биде последен исфрлен од лускузното летувалиште.
Родена е во градот Алваделен во Шведска од кој се иселила во 2005 година и заминала во Њујорк, каде студирала сметководство, работела како инструктор по јог и келнерка. Позната е по заразната насмева и празнината меѓу двата предни заби.
Не жалам за ништо. Сите тие искуства ме направија каква што сум сега. Денес не би напарвила исти избори во животот – вели таа во документарецот за кралското семејство емитувано на шведската телевизија.
Младите сопружници се познати по спортскиот начин на живот, себе се прикажуваат во јавноста како модерни и отворени членови на кралското семејство, кои е можно да ги сретнете додека трчаат или шетаат по улиците на престолнината и јадата пица.
Најмладата ќерка на кралот Карл Густаф е омажена за банкар во Њујорк, по потекло Британец, Кристофер О’Нил.
Во медиумите, меѓутоа, во почетокот на оваа година се појави информација дека принцезата Мделин е вовлечена во даночен скандал во Америка, затоа што нејзиниот сопруг Крис должи на американската даночна управа, затоа што не платиле данок за нивниот стан во Њујорк. Кралското семејство изјавило дека тие информации не се точни.
Кристофер инаку е син на американски инвестициски банкар. Тој е и пред венчавката со принцезата реол дека ќе продолжи со својата работа која ја обавувал пред венчавката, поради што нема да земе титула.
Според кралскиот протокол, член на кралското семејство би требало да е Швеѓанин и да нема врска или договорност во некој бизнис. Според тоа, О’Нил останал обичен граѓанин, без кралски наслов.
Шведкса била првата монархија во светот која има воспоставено еднаква примогренитура, т.е. традиција за наследство, каде првороденото дете има предност. Кралот, наводно, не е задоволен со оваа промена со оглед на тоа што на неговиот син му е одземена позицијата која заонски му припаќала во моментот на неговото раѓање. На прашање на новинар од државното радио колку уште планира да остане крал, тој рекол дека не може да одговори на тоа прашање.
Кралот Густаф, како и нефовиот син Филип, инаку се страствени љубители на брзи автомобили. Кралот густав има неколку Porsche 911, кои му се обилени, потоа Volvo PV444, Ferrari 456M GT и AC Cobrа.
Сепак тој е и голем заговорник на екологијата, па така веќе со години на работа во кралската палата доаѓа со електричен автомобил марка Волво. Во летото 2005 година доживеал мала сообраќајна незгода.
Новинарите многу пати забележале дека кралот погрешно го пишува своето име. Во официјалните документи при посета на рудникот за бакар, погрешно се потпишал на камен. Негоавата сопруга, кралицата Силвија, во телевизиско интервју признала дека нејзниот сопруг пати од диселексија, пореметување на способноста за читање и пишување. Кралското семејство ја користи палатата Дротнинголм како резиденција од 1980 година, а Стокхолмската кралска палата како работно место.