Силниот дожд не ги спречи средношколците да го одржат протестниот марш (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Силниот дожд не претставуваше перпрека за средношколците од Куманово. Тие и покрај тоа што беа мокри и накиснати до дождот го оджраа протестниот марш.

Loading...

 

[huge_it_gallery id=”208″]

 

Маршот започна пред Гимназијата „Гоце Делчев“, а заврши на градскиот плоштад каде пред соучениците и граѓаните свое обраќање имаа членовите на пленумот.

 

 

Loading...

Тие побараа да се укине Законот за екстерно тестирање, затоа што како што велат тој само е алатка за казнување на наставниците и учениците. Меѓу онаа што тие го бараа беше и оставка од актуелниот министер за образование и наука, затоа што веќе година дена нема слух за нвините барања.

Нашите барања се итно изменување на моделот за екстерно тестирање, затоа што има многу аномалии, кои што се штетни пред се за објективното оценување на учениците – истакна Никола Крстевски, член на Средношколскиот пленум.

Членовите на Средношколскиот пленум бараат активно да се вклучат во уредување на начинот на спроведување на државната матура.

Тие истакнаа дека доколку не бидат повикани на средбата со министерот Адеми, наместо на настава ќе излезат на улица.