Силна експлозија одекна во јапонска термоцентрала (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Пожар избувна во средата во термоелектраната Такетојо во префектурата Аичи, централна Јапонија, соопшти нејзиниот сопственик ЈЕРА, додавајќи дека работата во централата е прекината.

Loading...

Јавниот сервис NHK претходно објави дека се слушнала експлозија, а очевидци забележале црн чад како се издига од термоцентралата.

Црн чад излегуваше од котларата на термоцентралата, а покрај неа гореше транспортер за јаглен, објави NHK.

Пожарникарите биле испратени на местото на настанот откако добиле повици од сведоци, изјави претставник на локалната противпожарна служба за Ројтерс.

Електраната е управувана од JERA, водечка јапонска комунална компанија.

JERA објави дека околу 15:14 часот по локално време (07:14 по средноевропско време), на подвижната лента со која се транспортира гориво во фабриката биле откриени чад и пожар.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Билансот на масакрот во Шведска: 11 мртви

Работата во објектот набрзо била прекината, соопшти ЈЕРА, додавајќи дека нема повредени.

Производниот капацитет на термоелектраната Такетојо е 1.070 MW, што е меѓу најголемите во Јапонија во однос на една производна единица, се наведува на веб-страницата на JERA.

Loading...

Термоелектраната се наоѓа на околу 40 километри јужно од Нагоја, најголемиот град во централна Јапонија.