Силна експлозија го потресе градот под руска окупација. Има повредени! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

25 лица се ранети во експлозија при артилериски оган во градот Макиивка во источна Украина, соопштија руските окупациони власти.

Loading...

Водачот на регионот Доњецк, назначен од Москва, Денис Пушилин, во средата наутро на својот канал Телеграм изјави дека две деца се меѓу повредените во нападите на градот што руските сили го презедоа во 2014 година.

„Експлозијата ја почувствуваа повеќето жители на Макиивка и Доњецк“, рече тој.

Според Пушилин, оштетени се станбени згради, болница, училишта и градинка.

На украинскиот телеграмски канал СтратКом беше објавено видео на мобилен телефон од силна експлозија во градот, во која се тврди дека се работи за напад на руска воена база.

 

 

Loading...

Руските блогери сметаат дека е користен HIMARS

Украинците рекоа дека експлозијата била толку силна бидејќи при гранатирањето било погодено складиште за гориво или муниција.

Според руските воени блогови, артилериските ракети ХИМАРС, кои Украина ги добила од САД, биле користени за гранатирање.

Претходно, Пушилин објави за двајца загинати од гранатирање во регионот на Доњецк.

Информациите од завојуваните страни не можат да бидат независно проверени.

Макиивка беше местото на смртоносниот украински напад врз импровизирана руска касарна минатата новогодишна ноќ.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.