Силен земјотрес во североисточниот дел на Тајван

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди округот Јилан во североисточниот дел на кинескиот остров Тајван, соопшти локалната метеоролошка служба.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од девет километри, а засега нема информации за материјална штета.

Земјотресот е почувствуван и во главниот град Тајпеј, каде што се тресеа згради, пренесува Ројтерс.

Тајван се наоѓа во близина на спојот на две тектонски плочи и припаѓа на земјотресните зони.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 100 бегалци од Судан загинаа или исчезнаа во два бродоломи во Либија