Силен земјотрес прекина интервју на исландската премиерка

Сподели со своите пријатели

Силен земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала, за кратко го прекина интервјуто со премиерката на Исланд, Кетрин Јакобсдотир за американски „Вашингтон пост“.

Loading...

Јакобсдотир зборуваше за влијанието на пандемијата врз туризмот, кога нејзината куќа почна да се тресе, што видно ја потресе премиерката на Исланд, пренесува Си-Ен-Ен.

– Извинете, само што имаше земјотрес, рече Јакобсдотир која потоа се насмеа и додаде „Па, ова е Исланд“.

 

 

– Добро сум, куќата е силна, затоа не грижете се, рече 44-годишната премиерка, кој е на чело на островската држава од 2017 година.

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала вчера погоди област на 10 километри југозападно од Хафнарфјордур, крајбрежен град во близина на главниот град Рејкјавик, соопшти Геолошкиот топографски институт на САД.

Loading...

 

Leave a Reply