Силен земјотрес ја погоди Калифорнија, проследен со афтершокови

Сподели со своите пријатели

Силен земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала рано утринава го погоди централното подрачје на американската сојузна држава Калифорнија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт.

Loading...

Според информациите, земјотресот се случил на длабочина од 10 километри.

Епицентарот на земјотресот е регистриран на 28 километри јужно од градот Бејкерсфилд, кој има 373.000 жители.

Потоа следеа уште 11 земјотреси со магнитуда од 2,3 до 4,8 степени.

Засега нема информации за евентуална материјална штета, јавуваат агенциите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Уште еден обид за атентат врз Трамп