Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 6,3 степени ја погоди денеска јапонската префектура Ишикава, на западот на земјата, соопштија локалните власти.

Loading...

По земјотресот не е издадено предупредување за цунами, пренесе агенцијата Кјодо.

Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, попладнево по локално време.

Јапонската метеоролошка организација соопшти дека, иако нема опасност од цунами, може да дојде до промена на нивото на морето за околу 20 сантиметри.

Локалните власти истражуваат дали зградите се оштетени, а засега нема извештаи за повредени, соопшти јапонската служба „NHK“.

По земјотресот некои железнички линии беа во прекин.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД: Полицијата апси, универзитите суспендираат студенти, но продолжуваат протестите (ВИДЕО)