Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот дел на Тајван во вторник, кусо по полноќ, при што беа оштетени неколку згради, а повредени се најмалку 27 лица, соопштија островските власти.
Меѓу нив имало шест лица, меѓу кои и едномесечно бебе, кои биле спасени од урната куќа во округот Нанкси, Таинан.
🚨🇹🇼 POWERFUL EARTHQUAKE HITS SOUTHERN TAIWAN
A 6.4-magnitude #earthquake struck southern Taiwan at 12:17 am on January 21, 2025. The quake caused widespread damage, including:
– A supermarket in Tainan City’s Yujing District, where shelves collapsed and drinks were scattered… https://t.co/SgDnjl2aeA pic.twitter.com/RXSMemsGq1
— Weather Monitor (@WeatherMonitors) January 20, 2025
Мостот Жувеи на провинцискиот автопат беше пријавен дека е оштетен.
Нема информации за загинати, иако спасувачите се уште ја проценуваат штетата.
🚨🇹🇼 #EARTHQUAKE HITS TAIWAN
A powerful 6.0-magnitude earthquake struck Taiwan on January 20, 2025. CCTV footage captures the intense moment.
Media Source: https://t.co/jNRBiS6TGg pic.twitter.com/oidEubEa7Y
— Weather Monitor (@WeatherMonitors) January 20, 2025
Епицентарот на земјотресот бил во градот Дапу во округот Чијаи на длабочина од 9,7 километри, соопштија властите, пренесува АП.
Повеќекратни последователни потреси ја погодија областа рано утринава, соопшти агенцијата.
Video showing the strength of the earlier M6.0 earthquake in Taiwan. This is scary. I’m glad they’re ok…😱 pic.twitter.com/dHYNmi8i0P
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) January 21, 2025