Силен земјотрес го погоди Чиле

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала го погоди во петокот централниот дел на Чиле, а засега нема извештаи за штета, соопшти денеска Геолошкиот институт на САД.

Loading...

Како што е соопштено, земјотресот се случил во 19:38 часот по локално време, на длабочина од 110 километри, а неговиот епицентар бил на 41 километар југоисточно од градот Молина, пренесе АП.

Земјотресот бил почувствуван во централните и северните региони на Чиле, вклучително и во главниот град Сантијаго.

Чилеанскиот национален систем за спречување и одговор при катастрофи соопшти дека нема извештаи за штети или вонредни ситуации, а Чилеанската океанографска служба соопшти дека земјотресот „не ги исполнувал условите неопходни за создавање цунами“ во близина на брегот на јужноамериканската земја.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индексите на азиските берзи растат откако Трамп ги паузираше царините

Чиле се наоѓа во таканаречениот Пацифички огнен прстен, регион кој има некои од највисоките сеизмички и вулкански активности во светот.