Командата на Бригадата на Југоисточна Европа денеска донираше дефибрилатор за Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово.
Како што информираше Командантот, бригадниот генерал Билбил Битри, СИБРИГ е дел од заедницата од 2020 година и чувствуваат потреба да возвратат на Куманово.
– Ние можеби не можеме да направиме се за секого, но можеме да направиме нешто за некого и токму поради тоа сме денес тука како претставници на СИБРИГ за возрасните луѓе кои што престојуваат во Домот за стари лица „Зафир Сајто“. Ние сме тука даваме една мала донација денес и како што рекла и самата Мајка Тереза доколку не можете да направите некоја годлема работа направете некоја мала работа, но со многу љубов и тука се претставници на шесте држави од СИБРИГ кои го донираа дефибрилаторот за корисниците на Домот за стари лица „Зафир Сајто“. Искрено посакуваме никогаш да не треба да се искористи овој апарат, но доколку навистина биде неопходно ќе ви биде на располагање, изјави бригадниот генерал Билбил Битри.
Директорот на Домот за стари лица „Зафир Сајто“, Дејан Стојановски вели дека дефибрилаторот не бил во плановите з анабавка, но ќе биде добредојден, иако изрази желба никогаш да немаат потреба од неа.
– Се надевам дека во идина ќе продолжи нашата добра соработка, веќе проазговаравме со генералот на таа тема и исто така се надевам дека во 2025 година домот ќе чекори на патот на развојот и унапредување на квалитетот на услугата што ја нуди на граѓаните на Куманово, изјави директорот.
Ова не е прва донација на СИБРИГ, тие досега имаат донирано за општината, болницата и за неколку училишта во градот.
Од 26ти август 2020 година, Командата на SEEBRIG е лоцирана во касарната „Боро Менков“ во Куманово.
Никола Ивановски