Си-Ен-Ен објави шокантно видео од Ирпин, телата се на улица

Сподели со своите пријатели

Украинската невладина организација „Украински сведок проект“ сними видео од уништувањето во Ирпин, кое од понеделникот е под украинска контрола и го достави до Си-Ен-Ен.

Loading...

Си-Ен-Ен наведува дека на видеото се гледаат размерите на уништувањето, пренесува Index.hr.

 

За неколку часа во Австралија падна дожд колку што обично паѓа за еден месец

 

Си-Ен-Ен ја лоцираше и ја потврди автентичноста на видеото. Ова е едно од првите видеа во последниве недели од источниот дел на Ирпин, бидејќи интензивните борби таму спречија безбеден пристап.

Видеото, снимено во вторник, прикажува шумско предградие кое личи на апокалиптично пустош.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пожар зафати станбена зграда во Манила: Најмалку осум мртви

 

Loading...

За неколку часа во Австралија падна дожд колку што обично паѓа за еден месец

 

Ветерот што дува низ преостанатите дрвја и тропотот на лимот против металот е единственото нешто што се слуша на снимката, понекогаш оддалеку се слуша тапа бучава од воен удар.

Од видеото се гледа дека во градот нема живот, иако пукањето засега е прекинато.

 

 

На улиците тела на цивили

Loading...

Освен урнатините од уништените згради, на улиците има само тела на цивили.

Лицето во кожна јакна, кое очигледно влечело мала количка кога била убиена, се гледа со лицето надолу на земја.

Уште една жртва била прикажана на грбот на задното седиште во автомобил полн со дупки од куршуми, опишува Си-Ен-Ен.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Усвоено: Романија може да ги собори сите дронови кои илегално влегуваат во земјата

На снимката има најмалку пет тела. Не е јасно како и кога починале, додаваат тие.