Иран решително и силно ќе одговори на неодамнешните израелски напади, веројатно пред претседателските избори во САД, изјави неименуван висок ирански функционер за Си-Ен-Ен.
Изворот не го прецизираше точниот датум на нападот, но рече дека „најверојатно ќе биде пред денот на претседателските избори во САД.
Иранските власти во првите реакции за израелскиот напад врз Иран на 25 октомври ја минимизираа сериозноста на тој напад.
Врховниот водач на Иран, ајатолахот Али Хамнеи рече дека овие напади „не треба да се преувеличуваат ниту да се минимизираат“.
Израел тогаш за првпат отворено призна дека погодил ирански цели.
Израелската армија го нападна Иран во текот на ноќта меѓу 25 и 26 октомври, а за време на нападите, кои траеја пет часа, мета биле 20 цели во таа земја, пренесе Ројтерс.
Серија експлозии се слушнаа во околината на Техеран веднаш откако израелската војска објави дека се водат напади врз воени цели во Иран како одмазда за иранскиот напад врз Израел на 1 октомври.