Си Џинпинг во посета на Виетнам

Сподели со своите пријатели

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска пристигна во дводневна посета на Виетнам, со цел да се спротивстави на растечкото влијание на САД врз оваа земја од југоисточна Азија.

Си Џинпинг „пристигна со специјален авион напладне по локално време во Ханој и ја започна државната посета“, објави CCTV.

Си ќе се сретне со лидерот на виетнамската владејачка Комунистичка партија, Нгујен Пу Чонг, кој ги зајакна дипломатските врски на земјата со Вашингтон за време на посетата на американскиот претседател Џозеф Бајден во септември.

Посетата на Бајден беше дел од кампањата на САД во светот против растечката економска моќ на Кина и со цел да се обезбеди снабдување со материјали потребни за американската високотехнолошка индустрија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Катаклизма во Британија: 10.000 луѓе без струја, затворени патишта, откажани летови (ВИДЕО)

Ова е прва посета на кинескиот претседател на Виетнам по шест години.