Си Џинпинг му честиташе на Путин за изборната победа

Сподели со своите пријатели

Кина денеска му честиташе на Владимир Путин за победата на претседателските избори во Русија, изразувајќи уверување дека односите меѓу двете земји „ќе продолжат да напредуваат“ во наредните години.

Loading...

„Кина ги испраќа своите честитки“, изјави за новинарите портпаролот на Министерството за надворешни работи Лин Џијан.

„Уверени сме дека под стратешко водство на претседателот Си Џинпинг и претседателот Путин, односите меѓу Кина и Русија ќе продолжат да напредуваат“, додаде тој.

Тој потсети дека Кина и Русија се „партнери во глобалната стратешка соработка“, и посочи дека годинава се одбележуваат 75 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во текот на ноќта руските сили соборија 51 украински дрон

Путин, кој е на власт речиси четврт век, на вчерашните претседателски избори е избран за нов шестгодишен мандат, според речиси целосните резултати од изборите на кои немаше опозиција.

Врз основа на 99 отсто преброени гласови, Путин освоил 87,29 отсто, објави денеска агенцијата Риа Новости податоци на Централната изборна комисија.

Путин со својата победа ја претстави сликата на „консолидирана“ Русија која нема да дозволи да биде исплашена од своите противници, две години по почетокот на нападот на Украина и усвојувањето на невидени санкции од страна на Западот, пишува Франс прес.

„Шефовите на државите на Кина и Русија ќе продолжат со блиските размени, ќе ги водат двете земји да одржуваат долгорочно пријателство и добрососедство и ќе ја продлабочат глобалната стратешка координација и ќе го промовираат континуираниот развој на односите меѓу Кина и Русија“, рече портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи денеска.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ким наредил масовно производство на оружје што широко се користи во Украина

Кина и Русија имаат заедничка желба да се спротивстават на она што тие го гледаат како американска хегемонија.

Во оваа смисла, двете соседни земји се зближија во последните две години на политички и економски планови, пишува France Presse.