Протекувањето на делови од гасоводите Северен тек 1 и 2 најверојатно е резултат на акција на една држава, објави денеска шведскиот министер за енергетика Касајар Фарманбар.
„Многу е можно тоа да е направено намерно, а не случајно, а малку е веројатно дека тоа го направил некој друг освен државата и да не бил откриен порано“, изјави Фарманбар на новинарите пред состанокот на министрите на ЕУ во Брисел.
Тој исто така додаде дека овој инцидент треба да се гледа „од аспект на актуелната безбедносна ситуација во која се наоѓа Европа, објави Ројтерс.
Шведското обвинителство вчера соопшти дека Службата за национална безбедност ја презела прелиминарната истрага за оштетувањето на гасоводите Северен тек 1 и 2 во Балтичкото Море.
Во соопштението на обвинителството е потврдено дека шведската служба за безбедност ќе ја води истрагата бидејќи, како што се наведува, „можно е да се работи за тешко кривично дело кое, барем делумно, е насочено против шведските национални интереси, а очигледно тоа е извршено од странска сила“, објави Ројтерс.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.