Шведска испраќа дополнителна воена помош за Украина

Сподели со своите пријатели

Шведската премиерка Магдалена Андерсон рече дека Шведска ќе испрати дополнителна воена помош за Украина во износ од 46,75 милиони долари за одбрана од руска инвазија.

Loading...

По приемот на украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, Андерсон им рече на новинарите дека нејзината влада ќе обезбеди дополнителен пакет воена и цивилна помош за Украина во вкупна вредност од една милијарда круни.

Кулеба ја повика Шведска да и достави на Украина оружје како хаубици и гранати.

„Сè додека трае војната, ќе бараме повеќе оружје. Секое евро, секој куршум, секоја граната е важна“, изјави Кулеба за новинарите.

Шведската премиерка не откри детали за воениот пакет, но рече дека ќе биде сличен на претходната помош која вклучуваше противтенковско оружје, опрема за лична заштита и опрема за деминирање.

„Ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина се додека трае војната“, рече Андерсон.

Цивилниот дел од пакетот ќе вклучува купување на украинска пченица, која потоа ќе биде испратена во земјите кои се соочуваат со недостиг на храна, како и помош за зајакнување на украинската економија.

Тим од нуклеарното набљудување на ОН се упати кон украинската нуклеарна централа Запорожје во понеделникот од страв дека новото гранатирање во близина може да доведе до истекување на радијација.

Loading...

Кулеба рече дека Русија го изложува целиот свет на опасност од нуклеарна несреќа. „Сите треба да бидеме обединети во барањето едно – повлекување на Русија од нуклеарната централа во Запорожје“, нагласи тој.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.