Шуга во кумановско училиште. Еден потврден и три сомнителни случаи

Сподели со своите пријатели

Четири ученици од ООУ „Кирил и Методиј“ во кумановското село Романовце се во домашна изолација откако кај еден ученик била потврдена шуга.

Loading...

Како што информираше директорот на училиштето Скендер Рушити, еден случај е потврден, а за три постои сомнение, но засега нема потврда дали станува збор за шуга.

Случајот до надлежните служби го пријавиле од училиштето во петок, по што викендов е направена дезинфекција на сите простории.

– Имаме преземено мерки за дезинфекција на училиштето, сите училници се чистени, сите простории се исчистени од наша страна и денеска имаме докторка емидемиолог и водиме сега разговор како понатаму да постапиме, изјави директорот Рушити.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од лакови за нокти до гуми за камиони. Што сѐ запленија цариниците на Табановце? (ФОТО)

 

 

Ученикот кај кај болеста е потврдена има наредба за домашна изолација до 22ри месецов заедно со целото семејство.

Loading...

Уште кај тројца ученици постои сомнение, но нема повтда дека ја имаа болеста.

– За еден случај имаме потврда, а други ученици од наша страна усмено ги изолиравме, тие деца си седат дома, уште за двајца ученици, едната е сестра на ученикот кој е потврден, а за третото дознавме дека има и од петок не доаѓа на учичиште, вели директорот.

Меѓу мерките што училиѓтето ги презело е и предавање за заразни болести од страна на наставничката по биологија, а денеска Центарот за јавно здравје е во училиштето и по нивна наредба ќе се преземаат следните чекори.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Работилница за куклена уметност се одржа во Куманово

 

 

Наставата, вели директорот, се одвива непречено, откако училиштето е целосно дезинфицирано.

Од Центарот за јавно здравје Куманово повеќе детали најавија за утре, откако денеска ќе извршат теренски увид на состојбата.

Loading...

Шугата е едно од трите најчести кожни заболувања кај децата и може да се пренесува со директен контакт.

Никола Ивановски