Тлото под Москва потсетува на огромен сунѓер. „Руска реч на македонски“ ве води на прошетка низ подземјето на најголемиот европски град.Оставина од Студената војна: Скривници во Москва
2017-08-31

По војната, кога започнала трката за вооружување помеѓу СССР и САД, советските инженери и научници добиле задача да изградат скривници во поголемите градови. Постојат два вида вакви градби. Самостојните скривници биле осмислени како привремени скривници и се наоѓаат на само 5-6 метри под земјата. Вториот тип се скривници кои се наоѓаат под станбените објекти, училиштата, болниците, фабриките, железничките станици, и можеле да примат стотици луѓе на два или на три дена (некои облакодери од времето на Сталин имаат навистина просторни скривници). Тие се изградени на длабочина од 20 метри, а нивните влезови се заштитени со двојна херметичка врата. Самостојните скривници се препознаваат по вентилациските отвори и влезовите кои се наоѓаат над земја. Во скривниците во зградите се влегува од подрумските простории и тие на прв поглед не се видливи.
Подучувањето ученици било мошне успешно, зашто тие брзо учеле како да ги најдат скривниците и да влезат во нив. За среќа, тие никогаш не биле искористени, така што до денес главно се претворени во магацини, во фитнес-центри, музички студија и слично. Сепак, постојат и такви кои се сè уште зачувани и можат да служат за својата основна намена. Некои од нив редовно се користат во неофицијалните натпревари за „најдобро опремени скривници во реонот“. Сите споменати скривници се релативно нови објекти – во Москва постојат и подземни градби кои датираат уште од средниот век.
На почетокот на 19 век во Москва се појавиле уште подземни објекти. Текот на Неглинка, реката која тече на површината од населбата Марина Рошча низ центарот на градот и се влева во реката Москва, бил затворен во канал со изградба на колектор, кој потоа станал најзначаен московски подземен премин.Надворешните линкови преку маркетинг платформата MGID се одговорност на самиот огласувач, и порталот Кумановски Муабети не сноси никаква одговорност за пласираните информации.