Ако плакарот ви е неуреден и не можете да го поправите, можеби се браните дека сте преплавени со обврски и не постигнувате, други мислат дека сте мрзеливи, а психолозите дека ве мачи носталгија за минатите времиња кога сте биле помлади, послаби или посреќни.
Група британски психолози со истражување процениле дека локацијата на нередот открива какви психички блокади има некој во главата, односно во кој дел од животот нема рамнотежа.
- Гардеробер – Се каете за младоста
Неуредниот гардеробер со многу облека што не сте ја носеле со години покажува потсвесна желба да не сакате да го изгубите чувството што ве асоцира на подобрите денови од минатото.
– За да живеете со полни бели дробови во сегашноста, треба да дозволите минатото да остане некаде далеку, да ги насочите мислите на иднината и како да го искористите секој ден најдобро што можете – советуваат психолозите.
Совет: некому дајте го она што знаете дека повеќе нема да го носите.
- Работна маса – Избегнувате проблеми
Купишта хартија и сметки на масата се „кријат“ избегнувајќи ве да се соочите со проблемите.
– Одложувањето создава само притисок затоа што некои работи во животот не можете да ги избегнете, па подобро да се справите веднаш со нив и да ги решите – велат експертите.
Совет: Сортирајте ја поштата штом ја примите, веднаш фрлете го она што е за ѓубре. Не чувајте на маса хартии што не ви се потребни.
- Автомобил – Ве искористуваат
Овој тип на неред открива дека не поставувате граници и дека лесно прифаќате другите да влезат во вашиот живот и да влијаат на вас.
Нередот во автомобилот често е првиот знак дека се чувствувате преоптоварени.
Совет: Научете понекогаш да кажувате „не“ на некои, бидејќи тоа е клучот за вашата среќа.
- Поткровје или подрум – Ве гризе совеста
Сè уште чувате секакви ситници на таванот или во подрумот, работи, честитки, стари детски играчки… Самата помисла да фрлите дел од тоа, прави да се чувствувате дека ќе навредите некој што има врска со тие работи и ве гризе совеста.
Совет: тргнете го товарот од грбот и чувајте ги само оние работи за кои ве врзуваат само убавите спомени.