Авион на Јунајтед ерлајнс кој летал од Лос Анџелес до Кина морал да се врати во САД два часа по полетувањето, откако било откриено дека еден од пилотите не носел пасош, потврдија од авиокомпанијата за Си-Ен-Ен.
Авионот со 257 патници и 13 членови на екипажот полетал од меѓународниот аеродром во Лос Анџелес во 14 часот во саботата по локално време и се упати кон северозапад.
Планот бил да се прелета преку Тихиот Океан до Шангај.
Меѓутоа, два часа подоцна, авионот се свртел и се упатил кон Сан Франциско, каде што слетал околу 17 часот, пишува порталот FlightAware.
„Пилотот немаше пасош. Договоривме нов екипаж кој ќе ги однесе патниците до нивната дестинација таа вечер. Патниците добија ваучери за оброк и компензација“, соопштија од авиокомпанијата.
Новиот екипаж полетал околу 21 часот и слетал во Шангај околу шест часа подоцна.