Најновите истражувања покажуваат дека за добар секс на жените им е најважна емотивната поврзаност. Исто така од сексуалните активности може да ги отргне стресот од секојдневицата.
Истражувањето е спроведено со помош на апликација со која се пресметува времето на овулација – Киндаром, а со него сакале да откријат дали се точни стереотипите за жените во сексот.
Откриено е дека повеќе од половина од 500те испитаници гласале за емотивна врска како најважен аспект на добриот секс. Помалку од една четвртика пак рекле дека предиграта е неопходна, а само 10% од жените сметаат дека најважна е комуникацијата. Новитетите и зачестеноста на сексот, добиле помалку од 5% од гласовите.
Истражувањето открило дека повеќе од половина од жените кои биле испитаници во анкетата имаат чувство како да немаат доволно ескс, а три четвртини од нив изјавиле дека со задоволство би уживале во секс три пати неделно.
Поголемиот дел од жените изјавиле дека постигнуваат оргазам барем еднаш во текот на сексот, додека најголемото влијание врз нивниот сексуален живот имаат секојдневните стресови, кои освоиле 39% од гласовите.
Потоа како следна причина е несинхонизираноста со партнерот, недостаток на желба или самодоверба во својот изглед.
Добра вест е дека скоро петина од жените изјавиле дека не постојат никакви пречки во нивниот сексуален живот.
Инаку, едно истражување претходно спроведено оваа година открило дека жените преферираат секс во текот на ноќта, додека за мажите идеално е утрото.