Што е „ЦРН ПЕТОК“ и зошто тогаш сите купуваат? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Попустите за таканаречениот „црн петок“ ширум светот привлекуваат огромен број клиенти, а еве како „црниот петок“ го добил името.

Loading...

 

 

Има две објаснувања за името на денот на кој официјално започнуваат празничните попусти.

Според првата теорија, името „Црн петок“ првпат било употребено во 1960-тите во Филаделфија.

Еднаш годишно во тој град се одржувал традиционален натпревар во американски фудбал меѓу припадниците на армијата и морнарицата.

Организаторите секогаш гледале мечот да биде во сабота по Денот на благодарноста, кој пак се паѓа во четврток кон крајот на ноември.

Loading...

Илјадници туристи ќе се подготват за Филаделфија ден пред натпреварот, да го обиколат градот, да пазарат пред празниците и да се забавуваат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Денешниот ден во Југославија бил многу значаен. Еве и зошто (ВИДЕО)

Локалните трговци секогаш се подготвувале за наплив на купувачи и пониски цени за да ги привлечат што е можно повеќе.

Полицијата во Филаделфија едвај успеала да се справи со толкав број туристи кои пиеле во петокот, што создавало метеж на улица и во сообраќајот, но и несреќи, ситни кражби, тепачки…

По неколку години, интерно името за ден пред натпреварот меѓу полицајците во Филаделфија било „црн петок“.

Според друга теорија, овој шопинг „празник“ на крајот на ноември го добил името по економски термин од англискиот јазик.

Кога трговецот е „во црно“, тоа значи дека има доволно приходи да ги покрие трошоците и дека може да си дозволи да ја намали цената.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Банана залепена за ѕид продадена на аукција за неверојатни 6,2 милиони долари (ВИДЕО)