Шпанија: Ние сме за палестинска држава

Сподели со своите пријатели

Шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарес објави дека неговата земја е за признавање на одржлива палестинска држава „во многу краток рок“.

Loading...

– Постоењето на палестинска држава „ќе биде најдобрата гаранција за мир на Блискиот Исток“, рече тој во интервју за шпанската радио станица RNE, пренесува Ројтерс.

Тој повтори дека Шпанија е подготвена да организира мировна конференција за решавање на овој конфликт.