Шпанец извлекол 57.000 евра од жена на Тиндер: Инспириран од документарецот на Нетфликс

Сподели со своите пријатели

Шпанската полиција уапси 39-годишен маж кој преку апликацијата за запознавање Тиндер  извлекол 57.000 евра од 35-годишна жена, што е се почест начин за измамување на заљубените и осамените луѓе.

Loading...

Марија од Теулада, град со 12.000 жители на југоистокот на Шпанија, пред нешто повеќе од една година стапила во контакт со 39-годишен маж, исто така Шпанец, преку мобилната апликација за запознавање Тиндер.

Неколку дена подоцна, тие размениле броеви на мобилни телефони за да продолжат директно да комуницираат.

Времето минувало и Марија се повеќе се уверувала дека на мажот навистина му се допаѓа, иако никогаш лично не се сретнале со изговори за тешкотиите на работа или приватни причини и уверувања дека нивната сентиментална врска е постојана.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Луѓето пренесуваат повеќе вируси на животните отколку што ги добиваат од нив

Марија, веќе убедена дека се пар и дека во блиска иднина ќе основаат семејство, почнала да му исплаќа пари на негово барање за парична помош.

Тврдел дека ќе ѝ ги врати со продажба на имотот. Долгот се натрупал, а тој постојано барал повеќе пари.

Марија потоа стапила во контакт со полицијата, сфаќајќи дека најверојатно била жртва на измама.

Полицијата започнала операција под кодното име „Романтикос“ и увидела дека „љубовната врска“ траела 14 месеци.

Loading...

Марија и нејзиното „момче“ разменувале по 350 пораки дневно. Му платила пари за 8 месеци, вкупно 57.000 евра.

Полицијата открила дека по исплатите мажот ги подигнал парите и ги чувал како кеш, обидувајќи се да си ги покрие трагите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најголемата змија на светот пронајдена мртва, глетката ги скрши научниците

Агентите откриле дека тој живее во крајбрежниот град Гвардармар дел Сегура, 120 километри од Теулада, каде што живее Марија.

Тие упаднале во неговата куќа и откриле дека таму живее со својата вистинска 39-годишна девојка која знаела за измамата и ги искористила уплатените пари.

Полицијата детално ги прегледала нивните мобилни телефони и банкарски сметки и ги привела.

Човекот се изјаснил за виновен и рекол дека идејата за измамата ја добил откако го гледал документарниот филм „The Tinder Swindler“ на платформата Нетфликс.

Филмот зборува за маж од Израел кој на сличен начин изневерувал богати жени од скандинавските земји кои копнееле по љубов.

„Овој вид на измама е драстично зголемен од избивањето на коронавирусот, бидејќи луѓето почнаа повеќе да седат дома, да се чувствуваат поизолирани и да користат нови комуникациски технологии“, рече портпаролот на полицијата која учествуваше во овој случај.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се омажија сијамски близначки: Вака изгледа брачниот живот во тројка

„Имавме среќа што измамниците беа близу овде, во Шпанија. Тие можеа да бидат, на пример, во Сенегал, што ќе ја отежнеше истрагата и апсењето“, додаде тој.

Полицијата овој тип на измама го нарекува англиско име „Romance Scam“.

„Измамниците ја добиваат довербата на жртвата, убедувајќи ја во љубовна врска. Потоа бараат пари, ветувајќи дека ќе ги вратат, но никогаш не го прават“, забележува портпаролот.

Двајцата 39-годишни измамници, двајцата државјани на Шпанија, наскоро ќе бидат изведени пред локален судија.

Човекот веќе бил пријавен за други измами, а ова му бил прв обид од ваков вид.