Шолц: Кина треба да изврши влијание врз Русија

Сподели со своите пријатели

За време на неговата прва посета на Кина како германски канцелар, Олаф Шолц беше примен во Пекинг од шефот на кинеската држава и партиски лидер Си Џинпинг, како и од премиерот Ли Кечијанг.

Loading...

Војната во Украина беше доминантна тема на заедничката прес-конференција со премиерот Ли.

Канцеларот побара од Кина да го искористи своето влијание врз Русија за да стави крај на војната во Украина.

Владите во Пекинг и Берлин се согласуваат дека руските закани со нуклеарно оружје се неприфатливи, рече Шолц во Пекинг на заедничката прес-конференција.

Со нивна употреба, додава тој, Русија би ја преминала црвената линија што ја повлекоа заедно земјите во светот.

Егзистенцијалните кризи во светот можат да се решат само заедно, посочи Шолц и нагласи дека Кина, со оглед на нејзината големина, е од клучно значење таму.

Во исто време, канцеларот ги отфрли критиките кои можеа да се слушнат поради неговото патување во Пекинг.

Во време на криза, дискусиите стануваат уште поважни, рече Шолц, заклучувајќи: „Добро и правилно е што сум денес овде во Пекинг“.

Loading...

Премиерот Ли, од своја страна, посочи дека и Кина и Германија се надеваат дека војната во Украина ќе заврши „брзо“.

„Не можеме да си дозволиме понатамошна ескалација. Сега е време да се „охрабрат двете страни да преговараат за мир“, рече Ли.

„Не сакаме да се разниша регионалната стабилност, да се дестабилизираат светската економија и синџирите на снабдување, не сакаме да го видиме тоа“, нагласи кинескиот премиер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Премиерот на Израел до Германија и Британија: Сакам да бидам јасен – одлуките ќе ги носиме сами

На овој начин, Пекинг невообичаено јасно се дистанцираше од руската агресивна војна.

Имено, Кина досега избегнуваше отворено да ја критикува Русија за нејзината инвазија на Украина.

За економските односи со Пекинг, германскиот канцелар рече дека тие станале потешки и дека Кина го затвора пристапот до својот пазар.

Таа нерамнотежа, рече тој, ќе мора да се коригира. Уште пред да замине во Пекинг, Шолц најави прилагодување на германската политика кон Кина.

Не е возможно да се работи како порано, бидејќи политиката на Кина, смета Берлин, се променила во последните години и станала поконфронтирачка.

Loading...

Прашањето за Тајван

Шолц ја предупреди Кина од воена интервенција во Тајван. По разговорот со кинеските лидери, канцеларот навистина потврди дека Германија води „политика на една Кина“, но исто така посочи дека тоа значи и дека какви било промени на сегашната статус кво треба да се случат само мирно и со взаемна согласност.

На овој начин канцеларот реагираше на повеќекратните закани на Пекинг дека сака воено да ја окупира демократската островска република, доколку Тајванците се спротивстават на мирното „обединување“.

Комунистичкото раководство го смета островот за дел од Народна Република Кина, додека Тајван долго време се смета за независен.

Човековите права се „универзални“

Зборувајќи за човековите права, Шолц истакна дека тие се „универзални“ и дека тоа го признаваат сите членки на Обединетите нации.

Во разговорот тој потсети на обврската за заштита и спроведување на човековите права и експресно укажа на ситуацијата во северозападниот кинески регион Ксинџијанг, каде според комесарот за човекови права на ОН, муслиманското малцинство се прогонува.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нетанјаху зборуваше за следните чекори на Израел по нападот од Иран

Тоа е „немешање во внатрешните работи“, рече канцеларот.

Според активистите за човекови права, стотици илјади малцинства, особено Ујгурите, се испратени во кампови за превоспитување во Ксинџијанг.

Кина ја одобри вакцината Бионтек за странци

За време на посетата на Пекинг, Шолц доби потврда дека вакцината против корона Бионтек – Фајзер, која беше развиена во Германија, ќе биде одобрена за странци кои живеат во Кина.

Loading...

Тоа е дел од договорената соработка во борбата против пандемијата, рече канцеларот.

Тие, како што вели, разговарале и за „изгледите за издавање општо одобрение за Бајонтек во Кина“. На овој начин би дале конкретен придонес во борбата против пандемијата, рече Шолц.

Досега препаратот Бајонтек не беше дозволен на пазарот во Кина – земја која има строга политика на нулта толеранција кон Ковид 19 со строги карантини. Инаку, неодамна се шпекулираше за можно олабавување на политиката за корона.

Што сака канцеларот во Кина?

Претседателот Си оцени дека посетата на канцеларот придонесува за „градење доверба“ и натамошен развој на германско-кинеските односи „во следната фаза“.

А Шолц нагласи дека „добро е што имаме многу интензивна размена“.

Во исто време, „секако“ станува збор и за прашања „во кои имаме различни перспективи“, рече канцеларот и додаде дека тоа е „целта на добра размена на мислења“.

Loading...

Во моментов, односот меѓу Германија и Кина е обележан првенствено со значајни разлики – меѓу другото, кога станува збор за заканата на Кина за употреба на воена сила против Тајван, ситуацијата со човековите права, трговските бариери за западните компании на кинескиот пазар и конечно, кинескиот однос кон војната во Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Премиерот на Израел до Германија и Британија: Сакам да бидам јасен – одлуките ќе ги носиме сами

Премиерот Ли Кечијанг го прими Шолц со воени почести. За време на посетата на канцеларот на Пекинг, планирано е да се одржи тркалезна маса со претставници на компании од Германија и Кина, на која треба да учествува и Шолц.

Имено, канцеларпт е придружуван од деловна делегација, а меѓу менаџерите се и шефовите на менаџментот на BASF, Volkswagen, Siemens и Deutsche Bank.

Кратка посета на Пекинг

Оваа посета на канцеларот е специфична од повеќе причини. Поради строгите ограничувања за корона кои се на сила во Кина, тоа трае само единаесет часа – ниту еден германски канцелар досега не останал толку краток во најнаселената земја во светот.

Покрај тоа, Шолц е првиот западен државник од почетокот на пандемијата што е примен во прилично изолирана Кина.

Loading...

Иако Си Џинпинг го пречека Шолц без маска, тие не се ракуваа. Седеа на две прилично долги маси. За време на престојот во Пекинг, Шолц и членовите на неговата делегација се движат во практично херметички затворен „балон“ – и тоа е причината зошто посетата трае толку кратко.

Шулц е, исто така, првиот западен државник што се сретна со кинескиот претседател Си, откако тој ја зацементира својата моќ на партискиот конгрес пред две недели.

Спорно беше и времето на одење во Кина. Кинеските дисиденти и Светскиот ујгурски конгрес побараа Шолц да ја откаже посетата на Пекинг.