Шојгу: Русија систематски ги ослободува ДНР и ЛНР

Сподели со своите пријатели

Руската армија систематски го спроведува планот за ослободување на самопрогласените Народни републики Доњецк и Луганск, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу на седница на одборот на Министерството за одбрана.

Loading...

 

Кадиров: До крајот на денот ќе ги докрајчиме војниците во Азовстал и целосно ќе ја окупираме челичарницата

 

– За време на специјалната воена операција, руската армија ги извршува задачите што ги одредува врховниот командант. Планот за ослободување на Доњецката и Луганската Народна Република се спроведува систематски и се преземаат мерки за враќање на нормалниот живот таму – рече Шојгу, пренесува ТАСС.

Шојгу истакна и дека припадниците на руската армија кои учествуваат во операцијата во Украина покажале храброст и херојство во извршувањето на својата должност.

 

Шојгу: САД имаат намера да се борат до последниот Украинец

Loading...

 

Тој посочи дека Русија обезбедила сигурни безбедносни гаранции за своите граѓани и дека настаните во изминатите неколку месеци јасно ја покажале важноста на понатамошните напори за зајакнување на потенцијалот на вооружените сили, јави ТАСС.