Шкотски аристократ малтретирал жена на забава со кокаин

Сподели со своите пријатели

Шкотски аристократ обвинет за сексуален напад врз жена додека бил под дејство на дрога на неговата роденденска забава, на своето вчерашно судење изјави дека е убеден дека таа дала „зелено светло“.

Loading...

Јуан Тенант (39) ја нападнал жената во јули 2019 година додека таа и нејзината пријателка лежеле во кревет во куќата Глен во близина на Иннерлајтен.

Жртвата, која сакала да остане анонимна, тврди дека Тенант се соблекол гола и ја милувал по ногата пред сексуално да ја нападне.

Таа додаде дека истрчала од собата во солзи.

„Седнав на стол и прашав дали можам да им се придружам на креветот“

Но, таткото на две деца, кој го наследил имотот на Глен по смртта на неговата мајка во 2018 година, рече дека добил „невербални знаци“ дека таа се согласила на такво нешто.

Тенант пред судот изјави дека тој и жената разговарале за важноста на взаемната согласност пред да легне покрај неа и нејзината пријателка.

„Седев на столот и прашав дали можам да им се придружам на креветот. Двете рекоа да”, рекол Тенант, додавајќи дека бил фасциниран од убавината на младата жена кога првпат се сретнале и признал дека е романтично заинтересиран за неа и покрај тоа што бил во врска.

„Кога се свртев за да го изгасам светлото, го допрев задниот дел од нејзиното колено. Ја тргнав раката и подоцна повторно ја допрев. Немаше ненадејно движење од нејзина страна што покажуваше дека не го сака тоа. Го видов како еден вид „зелено светло“, додаде тој.

Loading...

„Почнав да плачам, но тој сепак не престана“

Претходно, наводната жртва пред судот изјави дека пријател ја поканил на дводневна роденденска забава во Глен Хаус.

Таа додала дека нејзиниот пријател го познава Тенант околу 15 години, пишува Дејли Мејл.

Таа рече дека е сигурна дека Тенант нема да проба ништо кога таа и нејзината пријателка се согласиле да спијат во нивниот кревет.

Таа му кажала на судот дека Тенант почнал да го допира нејзиното колено само неколку минути откако светлата се изгаснале.

Таа изјавила дека се преправала дека спие за да го обесхрабри, но дека тој потоа ја нападнал. Таа додала дека почнала да плаче, но тој сепак не престанал.

Замокот Глен Хаус има 24 спални соби и е опкружен со 3500 хектари шума. Изграден е во 19 век.

Судењето на Тенант продолжува.