Шест пожари изминатото деноноќие во Куманово

Сподели со своите пријатели

Шест интервенции, претежно на запалена сува трева и стрништа, бележат кумановските пожарникари во текот на изминатото деноноќие.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, вчера во период од 09:55 часот до 10:45 часот во атарот на селото Романовце горело стрниште. На терен интервенирале тројца пожарникари со едно противпожарно возило.

Сува трева горела во близина на ресторанот „Аркус“ и Филтер станицата. Таму во период од 11:20 до 11:40 часот интервенирале тројца пожарникари.

Стрниште горело и кај месноста Менкова колиба. Таму тројца пожарникари интервенирале во период од 13:55 до 14:55 часот.

На улицата „Ѓорче Петров“ во населбата Перо Чичо горел запален отпад. Таму интервенирале четворица пожаникари во период од 15:00 до 16:10 часот.

Електричен кабел, а потоа и сува трева, гореле на улицата „Тонко Димков“. Тројца пожарникари го гаснеле пожарот од 17:15 до 17:35 часот.

Во атарот на селото Бабин дол горела запалена сува трева. Таму во текот на ноќта интервенирале четворица пожарникари во период од 01:40 до 02:40 часот.

Никола Ивановски

Loading...