Новинарите на „Гардијан“ направиле листа од шест градови, од Белгија до Грција, кои имаат најубави плажи.
Кадиз, Шпанија
Кадиз е град на кулите во Андалузија и тука можете да видите бројни ветерници, но и големи кули. Највисоката „Torre Tavira“ од 129 метри изградена е во 1700-те и користена за набљудување на трговски бродови. Спаѓа меѓу најстарите градови на Шпанија, а основан е пред три илјади години.
Во стариот дел од градот сместена е „Ла Калета“ – најмалата градска плажа долга 450 метри. Една од популарните плажи е и „Санта Мариа“ која е идеална за оние кои на одмор одат со семејството.
Градот е опкружен со море од три и пол страни.
На плажите се нуди кино на отворено, многу барови и клубови. Знаменитостите кои можете да ги посетите се најстариот римски театар во шпанија, двете тврдини Сан Себастиан и Санта Каталина, како и градскиот музеј каде се кријат бројни предмети кои го покажуваат бурното градско минато и бројите освојувачи на градот.
Тулон, Франција
Тулон е град и медитеранско пристаниште кое се наоѓа на југот на Франција, само 80 километри југоисточно од Марсел. Го основале Римјани и бил главна поморска база во 15 век. Има најтопла клима во континентална Франција.
Јавниот превоз во овој град е добро развиен и го поврзува стариот град со туристичките места.
Едни од најубавите песочни плажи на оваа место се Лес Саблетес, Ла Виги и Ла Митре, каде љубителите на водените спортови можат да уживаат во сурфањето и возењето кајак.
Во источното предградие, Ле Моурилон исто така има единствени песочни плажи.
Знаменитостите кои може да се посетат се Азиската уметничка галерија и Музејот на фотографија.
Ровињ, Хрватска
Еден од градовит екои исто така воодушевуваат е и хрватскиот Ровиљ. Се наоѓа на југозападниот брег на Истра и заедно со Пореч е еден од најсилните туристички центри.
Климата во оваа подрачје е медитеранска. Она што би требало да го псоетите е црквата „Св. Еуфемија“, каменоломот Фантазија, Музејот на градот и театарарот Гандусио.
Најубавите плажи се наоѓаат на југот од градот.
Каљари, Сардинија
Каљари се наоѓа во центарот на Сардинија. Го основале Феникијците. Денес претставува интересна туристичка дестинација.
Позната е по преубавите песочни плажи во населбите околу Ангелскиот залив. Патеките кои се наоѓаат долж брего можат да ги користат тркачи и велосипедисти, а постојат и клубови за нуркање и едрење, а тука е и одбојката на песок.
Она што би требало да го посетите е природниот парк Молентаргиус, Археолошкиот музеј, азиските галерии, Етнографскиот музеј, Националната уметничка галерија и римскиот амфитеатар.
Волос, Грција
Волос е копнено пристаниште во Грција. Историјата на оваа место, модерната култура и одличната храна го прават градот примамлив за летување.
Тука ќе уживате во разгледување на бројни вили, преубави цркви и музеи. Шетањето по Авенијата Аргонаута ќе ве доведе до пристнаиштето на западната страна од градот каде се пружа прекрасен поглед на морето. Една од најпознатите плажи е Милина. Сите плажи се чисти и целосно безбедни.
Остенде, Белгија
Остенде е гратче на брегот на Белгија. Една од атракциите кои во градот мора да ги посетите е црквата „Ст. Петрус ен Паулускерк“ која е изградена пред стотина години. Музејот „Атлантик вал“ исто така е популарен.
Плажата во центарот на градот е долга четири и пол километри, а преубавиот песок е она што го прави специфичен.
Во лето на оваа плажа се отворени низа барови каде се нудат коктели, но и добар одмор под палми.
Источно од центарот е помирната плажа Остероевер, каде можете да уживате во кајакарење и сурфање.